Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридските матуранти на звуците од операта „Лилјакот“ и на дожд ја одиграа матурската парада (Фото)

Охридските матуранти на звуците од операта „Лилјакот“ и на дожд ја одиграа матурската парада (Фото)

Охридските матуранти на звуците од операта „Лилјакот“ и на дожд ја одиграа матурската парада (Фото)

Охрид, 21. мај 2025 (ИНПРЕС) – Ниту дождот не беше пречка охридските матуранти да ја одиграат „Матурската парада“ 2025 со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“.

На настанот што веќе прерасна во традиција учествуваа матуранти од четирите средни училишта во Охрид. За подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.

Пред вас од денес се отвораат нови животни врати, бидете внимателни и одговорни низ која ќе влезете, од тоа зависи вашата иднина. Сонувајте со отворени очи, мечтаете по убави нешта и никогаш не скршнувајте од вистинскиот пат, бидете добри луѓе, со добра мисла и желба да направите добри дела за себе и за луѓето околу вас. Само така ќе бидете задоволни од себе и ќе градите здраво општество со здрави навики, рече во своето поздравно обраќање градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

– Вашите години, вашата младост дозволува сѐ. Стив Џобс неслучајно рекол – луѓето што се доволно луди за да мислат дека можат да го променат светот, се оние што го менуваат. Бидете и вие дел од нив, менувајте ги нештата, но на подобро. Моментот кога ќе сфатите дека можете да го промените вашиот живот, да го обликувате, е тоа е најважната работа. Да се ослободите од погрешните идеи дека животот е некаде таму и дека тогаш ќе живеете наспроти прифаќање, промена и однесување. Пронајдете го вашето значење во сето тоа. Учете и во иднина, не застанувајте тука. Не е важно што ќе бидете во иднина, важно е она што ќе го работите да биде сработено со внимание и од срце. Само така задоволството и успехот се неизбежни, рече Пецаков.

Нека оваа парада е симбол на слободата, зрелоста и одлучноста со која ќе го градиме нашиот пат понатаму. Како што ги совладавме танцовите чекори, така успешно да ги совладаме и новите предизвици во животот, се обрати од генерацијата ученичката Мартина Настеска.

– Генерација успешни ученици кои гордо и исправено ги очекуваме новите предизвициво животот и храбро треба да чекориме кон нови патишта и успеси. Нека оваа парада нѐ потсети дека заедно сме посилни и дека секој крај е нов почеток, дека знаеме како да бидеме дел од тим, како да се поддржуваме и да го славиме животот, со радост, енергија и стил, порача Настеска.

Видно возбудени матурантите не го криеа задоволството од одличните подготовки за парадата, а ги кажаа и нивните планови за во иднина.

– Подготовките за парадата теча одлично, добро организирано. Плановите за во иднина ми се да се запишам тука во Охрид на УИНТ „Св.Апостол Павле“ или на ФИНКИ во Скопје, изјави Дарко Крлески.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.

Танцот „Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“: Продолжува деградирачкиот однос на поединци
Next Охрид достојно го одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.