Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид ја заврши 2024 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е -56

Охрид ја заврши 2024 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е -56

1 min read

Охрид, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2024 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 111, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од -56.

И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 3, а починале 18 лица. Струга пак и во четвртиот квартал бележи позитивен прираст, се родиле 119, а починале 115 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 56 двојки, а имало 14 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 75 бракови, а евидентирани се 12 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи.

На државно ниво во четвртиот квартал имао 3 968 живородени деца, а починале 5 174 лица, со што се бележи негативен прираст од -1 206. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени бракови и раст во бројот на разводи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ утревечер пред охриѓани
Next Денес ќе се одбележат 150 години од раѓањето на Кирил Прличев

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.