Охрид, 24. септември 2025 (ИНПРЕС) – Во дворот на гимназијата „Св.Климент Охридски“ поставена е паметна клупа „SB MINI” за трајно користење.
Истата е отстапена од Општина Охрид, а добиена е како донација.
– Потребите на младите бараат нови решенија кои имаат за цел да го олеснат нивното движење и да понудат брзи информации. Паметната клупа овозможува да се обезбеди енергија, поврзување и релевантни локални информации во движење, велат од Гимназијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива