Поради скината цевка прекин во водоснабдувањето на улица „Јане Сандански“
October 9, 2025

Охрид, 9. октомври 2025 (ИНПРЕС) – При изведување на градежни работи за поставување на нова канализациона мрежа на улицата „Јане Сандански“, од страна на изведувачот е скината цевка и од утрово  има прекин во водоснабдувањето  на дел од улицата.

Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен до завршување со санацијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес