Охрид, 13. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Последна недела кампања за локалните избори, активностите се интензивираат.
Кандидатите за градоначалник, но и оние кои претендираат да седнат во советничкото столче постојано и на повеќе начини ги соопштуваат ставовите и плановите за поубав и поуспешен Охрид пред граѓаните. Од врата на врата, спотови преку медиуми и социјалните мрежи, средби со граѓаните, трибини, митинзи… Ова се главните и веќе видени начини на кои се испраќаат пораките до охриѓани. Ветувањата се дека ќе се добие подобра инфраструктура, подобри услови за работа и учење, повисок стандард и развој на туризмот во градот.
Осмите локални избори ќе се одржат на 19-ти октомври, Кампањата официјално завршува на 17-ти октомври на полноќ, по што следува изборниот молк. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива