Охрид, 24. септември 2025 (ИНПРЕС) – На 23 септември 2025 година во 23:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово.
При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. (Крај)
извор: МВР фото: архива