Струга, 18. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Младите ракометарки Маја Ашталкоска, Калина Симоноска, Есра Грузи и Матеа Димитроска, членки на ЖРК Струга, се најдоа на поширокиот список на селекторот на женската пионерска репрезентација за подготовки за претстојната ЕХФ недела.
Репрезентативките во клубот работат под водство на тренерите Владимир Паноски и Теодора Гулицоска.
Селектор на пионерската репрезентација е Славиша Димитријески, а во стручниот штаб е и стружанката Јана Калајџиеска. На почетокот на подготовките на репрезентативките ги поздрави директорката на женските репрезентации Индира Кастратовиќ.
Ова за младите ракометарки се почетни подготовки за квалификациските циклуси во 2026 година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








