Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Следната недела започнува обуката за спасители на отворени води

Следната недела започнува обуката за спасители на отворени води

1 min read
Следната недела започнува обуката за спасители на отворени води

Охрид, 9. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Од 21-ви до 28-ми јуни Црвен крст Охрид ќе ја реализира годинашната обука за спасители на отворени води.

Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел.

– Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта), да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт, да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа, кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот., на телефоните 046/ 261 909 и 070/ 315 309, во DM на @centar.za.bezbednost.na.voda или со пополнување на пријавата на линкот, информираат од Црвениот крст.

Повикот трае до 19-ти јуни. На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со легитимација спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во текот на претстојната летна сезона. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денес еко пазар во ОСУ „Св. Климент Охридски“
Next Спасувачка акција за извлекување повредена жена на планината Јабланица

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.