Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со средствата од Фондот за техничка документација Општина Охрид ќе изработи проект за затворање на депонијата Буково

Со средствата од Фондот за техничка документација Општина Охрид ќе изработи проект за затворање на депонијата Буково

Со средствата од Фондот за техничка документација Општина Охрид ќе изработи проект за затворање на депонијата Буково

Охрид, 14. март 2025 (ИНПРЕС) – Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3.418.650 денари.

Средствата ќе бидат наменети за Изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија Буково.

– Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина, информираат од Општина Охрид.

Договорот за поддршка во името на охридската локална самоуправа го потпиша секретарот Александар Китески на официјален настан што се одржа вчера во Скопје.

Проектот за јакнење на општинските капацитети е дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС и со него ќе бидат поддржани вкупно 11 македонски општини. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Во 2024 година водата во Охридското Езеро била од прва класа, извршени се 40 увиди на 155 примероци
Next Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.