Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стружанецот Ердал Лушо дел од трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите, стартот закажан за утре

Стружанецот Ердал Лушо дел од трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите, стартот закажан за утре

1 min read
Стружанецот Ердал Лушо дел од трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите, стартот закажан за утре

Струга, 10. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Доколку временските услови дозволат за утре е закажан официјалниот старт на легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“ на која ќе уќествува стружанецот Ердал Лушо.

Тој неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои ќе бидат дел од трката каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите.

– Успешно ги завршив квалификациите за Setka Atlantic Challenge 2025. Од вкупно 18 учесници, само 8 успеавме да ги поминеме елиминациите. Потребните 450 наутички милји ги испловив во две етапи, со што вкупно минав повеќе од 650 наутички милји, рече неодамна Ердал.

Напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговатавеб страна, преку whydonate можете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.

Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ердал Лушо

Post navigation

Previous Вештачка интелигенција запеа на македонски: Преку проектот на Иле Спасев и Ристо Катевеновски Македонија ги доби првите AI вокали
Next Прекин во водоснабдувањето на дел од улица „Гоце Делчев“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.