Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Течат подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид

Течат подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид

1 min read

Охрид, 19. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек се подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид.

Втората проба ќе се одржи утре од 12:00 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“. Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793.

Покрај од Охрид, во поворката учествуваат и дечиња од околните села и населени места, како и од Општина Дебрца. Па така децата од Велгошти во недела, 21-ви декември, ќе ја имаат втората проба во манастирот Св. Петка, со почеток во 18:00 часот, додека пак прва проба ќе имаат децата од Требеништа, што ќе се одржи во недела од 13:00 часот, во црквата Св.Никола.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Мотото на манифестацијата „Бадникови поворки“ 2026 е „Со Божиќната радост срца да стоплиме!“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Исплата на К-15 до крајот на годината
Next „Убавините на езерото, градот и спортот“ – прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.