Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уште една сообраќајка на патот Охрид-Кичево, делницата останува црна безбедносна точка

Уште една сообраќајка на патот Охрид-Кичево, делницата останува црна безбедносна точка

1 min read

Охрид, 22. април 2025 (ИНПРЕС) – Уште една во низата сообраќајни незгоди на историскиот автопат Охрид – Кичево, овојпат кај Пресека и за среќа без загинати, но со шестмина повредени.

Делницата што се гради веќе 11-та година и понатаму останува сериозна безбедносна црна точка во регионот. Градежните зафати во комбинација со неприлагодената брзина на движење на возилата често доведува до сообраќајни незгоди, во некои случаи и со трагичен крај. Полицијата на овој потег често воспоставува контролни точки за мерење на дозволената брзина, со цел да се спречат дополнителни трагедии.

Надлежните во повеќе наврати потврдуваа дека автопатот ќе биде готов на крајот на 2026 година, а дотогаш надеж за подобрување на состојбите влеваат најавите на премиерот Христијан Мицкоки и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски дека до почетокот на летната сезона ќе се пуштат во сообраќај 40 километри од автопатот. Станува збор за потегот од селото Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун, заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат. Потврда дека динамиката на градба е зголемена и дека пред туристичката сезона на еден дел ќе се вози по нова асфалтирана траса дојде и од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по увидот на терен.

Дали и во која мера ќе се остварат најавите и ветувањата останува да видиме, а дотогаш останува на возачите да покажат поголема сообраќајна култура и да ја прилагодат брзината на движење согласно моменталните услови на патот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Започна чествувањето по повод 120 години од херојската погибија на Христо Узунов
Next Погребот на папата Франциск закажан за 26 април

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
1 min read

Во тек е пријавувањето за 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.