Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започна чествувањето по повод 120 години од херојската погибија на Христо Узунов

Започна чествувањето по повод 120 години од херојската погибија на Христо Узунов

1 min read
Започна чествувањето по повод 120 години од херојската погибија на Христо Узунов

Охрид, 22. април 2025 (ИНПРЕС) – Започнаа свеченостите по повод јубилејот – 120 години од херојската погибија на Христо Узунов, во организација на Општина Охрид и ОУ „Христо Узунов“.

Положено е цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.

Свечената академија по повод јубилејот е утре од 12:00 часот, во спомен – куќата на Христо Узунов. Ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски. Во рамки на културно – уметничката прогама ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, драмска изведба на сцени од „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.

Во четврток, 24-ти април, пред спомен бистата на Узунов во градскиот парк ќе биде положено цвеќе, а од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на неговиот гроб. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се бара продолжување на рокот за изработка на веб-страни на маркетите каде ќе ги објавуваат цените на производите
Next Уште една сообраќајка на патот Охрид-Кичево, делницата останува црна безбедносна точка

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.