Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Фиренца ги забрани кутиите за клучеви и самопријавување на туристите во изнајмените станови

Фиренца ги забрани кутиите за клучеви и самопријавување на туристите во изнајмените станови

1 min read

Фиренца, 24. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Градската власт на Фиренца им нареди на сопствениците кои ги изнајмуваат имотите да ги отстранат малите кутии со копчиња за самопријавување на туристите до 25-ти февруари. Градот го презема овој потег како мерка против масовниот туризам.

Компаниите за изнајмување, како што е „Ербнб“ отворија нова опција, односно кутии за самопријавување за да им заштедат време за сопствениците на имот и туристите, кои повеќе не треба да се состануваат за да ги предадат клучевите и да ги завршат процедурите за пријавување. Сепак, жителите велат дека кутиите се грди и тврдат дека пријавувањето без физичка средба помеѓу гостинот и изнајмувачот претставува безбедносен ризик.

– Следната недела ќе одиме да провериме каде не се почитува забраната за кутиите, а потоа ќе ги отстраниме“, изјави градоначалничката на Фиренца Сара Фунаро.

Според одлуката на Градскиот совет, казни до 400 евра се предвидени за сопствениците кои нема да ја почитуваат одлуката. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе чини 2,7 милиони евра, ќе заврши до март 2026 година
Next Детската претстава „Цепенков’N’Roll“ повторно на репертоарот на Центарот за култура

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.