Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе чини 2,7 милиони евра, ќе заврши до март 2026 година

Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе чини 2,7 милиони евра, ќе заврши до март 2026 година

1 min read
Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе чини 2,7 милиони евра, ќе заврши до март 2026 година

Аеродром Охрид „Св. Апостол Павле“

Скопје, Охрид, 24. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Започнува најавената реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно проектот ќе се изгради нова администраивна зграда, како и реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда со проширување на капацитетот од 3 на 8 шалтери и нов мултифункционален реконструиран дел за патници.

Вредноста на проектот е 2,7 милиони евра и ова ќе значи прво реконструирање на терминалната зграда откако е изграден аеродромот, а ќе се придонесе кон подобри услови за патниците, потенцира заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Проектот предвидува изгардба на нова административна зграда со површина од 250 м², нов канцелариски простор со површина 120 м², помошни простории 130 м², нов наменски простор за обезбедување на аеродромската зграда 40 м², целосна рекоснструкција и адаптрација на постојната терминалната зграда на површина од 2 000 м² на двете нивоа, како и целосно нов сообраќаен режим на постојниот паркинг, рече Николоски.

Реконструктивните зафати се дел од договорот за концесија со ТАВ Аеродроми, а се очекува да завршат до месец март 2026 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
Next Фиренца ги забрани кутиите за клучеви и самопријавување на туристите во изнајмените станови

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.