Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Флешмоб на „Мак“ од Куманово на охридскиот плоштад – најава за мјузиклот „Аладин во царството на соништата“ во рамки на „Културата расте со децата“

Флешмоб на „Мак“ од Куманово на охридскиот плоштад – најава за мјузиклот „Аладин во царството на соништата“ во рамки на „Културата расте со децата“

Флешмоб на „Мак“ од Куманово на охридскиот плоштад – најава за мјузиклот „Аладин во царството на соништата“ во рамки на „Културата расте со децата“

Охрид, 14. јули 2025 (ИНПРЕС) – Викендов охриѓани и туристите на Градскиот плоштад беа пријатно изненадени од живописен флешмоб на танчерите од студиото за танц „Мак“ од Куманово.

Овој динамичен настап беше најава за нивното претстојно гостување оваа есен во Охрид со мјузиклот „Аладин во царството на соништата“, во рамките на манифестацијата „Културата расте со децата“.

Флешмобот донесе дел од магијата на претставата, која претставува уникатна фузија од танц, театар и музика.


„Аладин во царството на соништата“ не е само театарска претстава – тоа е вистински празник на детската фантазија и радост, каде секое дете може да биде херој во својот свет на соништата, нагласуваат организаторите. Мјузиклот е во режија на актерот Горан Илиќ, музиката е на Шпенд Љатифи, текстот на Бисера Петрушевска, а кореографијата ја потпишува Мерлин Стојановска, која долги години работи со младите уметници од Куманово.

Минатата недела, членовите на „Мак“ учествуваа и на традиционалниот танцов камп во Охрид, каде се подготвуваа за новата сезона, но и го изградија тимскиот дух преку интензивни тренинзи и креативни работилници. Токму тие подготовки резултираа со впечатливиот флешмоб кој го освои вниманието на охридската публика.

Манифестацијата „Културата расте со децата“, поддржана од Општина Охрид, има за цел да поттикне културна размена меѓу градовите, да го засили интересот кај децата и младите за уметноста, и да создаде платформа за нови генерации креативци.

Премиерата на „Аладин во царството на соништата“ во Охрид се очекува со големо внимание, како еден од највозбудливите настани за деца и млади оваа есен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во среда ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“
Next Концертна промоција на албумот „Transverse” утревечер во Jazz Inn

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.