Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

1 min read
Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Охрид, 5. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода, кои ќе се грижат за безбедноста на охридските капалишта во текот на летната сезона.

Заинтересираните кандидати треба да се постари од 17 години, да знаат да пливаат и да бидат психофизички здрави.

– Доколку сте заинтересирани и сакате да бидете ангажирани на oхридските плажи, контактирајте нè на: 046 262 706, 070 315 309, 046 261 909 или на мејл: ohrid@redcross.org.mk, информираат од Црвен крст Охрид.

Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков, неодамна за Супер радио и InPress рече дека секоја година сѐ помал е интересот кај младите да се обучат за спасители на вода и покрај можноста да бидат ангажирани со многу солиден надомест во текот на летната сезона на капалиштата на охридското крајбрежје.

Годинашната обука за нови спасители на отвоени води е планирана за втората половина на овој месец. Обуката ќе се изведува на Охридското езеро, содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ). (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина
Next Денес еко пазар во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.