Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Балканска планинска авантура помеѓу Македонија, Албанија и Косово

Балканска планинска авантура помеѓу Македонија, Албанија и Косово

Скопје/Тирана, 28. декември 2015 (ИНПРЕС) – Балканска планинска авантура е новиот туристички производ во понудата за активен одмор.

Преку 37 обележани патеки на планините од кои 8 прекугранични на туристите ќе им се овозможи доживување во трите држави Македонија, Албанија и Косово. Патеките можат да се користат како еднодневни тури или да се комбинираат во повеќедневен одмор. Во производот се вклучени и сместувачки и угостителски објекти вдолж патеките како и места од интерес поврзани со богатото културно и природно наследство на регионот.

Покрај бележење на патеките ќе се реновираат 8 селектирани објекти а 15 млади имаа обука за професионални водичи во планина.

Овој туристички производ на пазарот ќе се промовира преку водич, 6 мапи за патеките поделени по планинските масиви, телефонска апликација за Андроид и веб страна и има за цел потикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Уапсен поранешниот српски министер Слободан Милосављевиќ
Next Отворен нов прифатен центар за бегалци во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.