Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Богоев: Ќе се прошируваат надлежностите на Граничната меѓуагенциска единица и на охридскиот аеродром

Богоев: Ќе се прошируваат надлежностите на Граничната меѓуагенциска единица и на охридскиот аеродром


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 21. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

Директорот на Царинска управа Стефан Богоев оствари средба со експертот за спроведување на закон од тимот за контрола на стока и патници на граница на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал. На средбата беше заклучено дека достигнувањата на единицата во изминатиот период поставија високи цели за втората фаза од Проектот, со која ќе се реализира поврзување со системите на земјите од Западен Балкан.

Во оваа фаза е предвидено и проширување на надлежностите на Единицата во делот на превенција и сузбивање на сите облици на организиран криминал и на меѓународниот аеродром во Охрид.

– Борбата за спречување на нелегалната трговија е наш стратешки приоритет, при што ги преземаме сите мерки за сузбивање на криминалот. Царината заедно со МВР е на првата линија во заедничката борба против трговијата со дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останати облици на организиран криминал, истакна Богоев.

Експертот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал ги истакна одличните резултати и достигнувања на Граничната меѓуагенциска единица, од аспект на спроведените активности и интеграција со националните структури, како клучни компоненти за успешност на ваквите единици во земјите од Западен Балкан.

Единицата е формирана во 2022 година, а минатата година истата беше поврзана со Интерпол што овозможи размена на информации и унапредување на анализата на ризик. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од март продолжуваат работилниците од Мрежата за искуствено учење во НП Галичица
Next Пендаровски, Силјановска Давкова, Таравари, Јакимовски, Ванковска кандидати за претседател на државата

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.