Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 21. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Од следниот месец започнуваат повторно работилниците во рамки на Мрежата за искуствено учење во НП Галичица.
Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во Република Македонија.
– Нудиме работилници: „Млади истражувачи“, „Млади ренџери“, „Еко-амбасадори“. Овој пат имаме надополнување, Мрежата за искуствено учење ги проширува аспектите со компонентата загадување, пред сѐ на воздухот и како истото влијае на развојот и опстанокот на живиот свет и човекот, информираат од НП Галичица.
Оттаму ги повикуваат наставниците и професорите да резервираат терми на официјалната страна на Мрежата за искуствено учење https://miu.mk/ и со учениците да го посетат паркот. Подетални информации може да се добијат кај Ангела Тасеска, задолжена за еколошка едукација (taseska_angela@yahoo.com).
И оваа година Мрежата за искуствено учење ги покрива патните трошоци на училиштето. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
