Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Босна ќе поднесе барање за членство во ЕУ

Босна ќе поднесе барање за членство во ЕУ

1 min read

Сараево, 12. декември 2015 (ИНПРЕС) – Босна и Херцеговина за месец или два ќе поднесе барање за членство во ЕУ, соопшти босанската телевизија N1, повикувајќи се на премиерот Денис Звиздич.

За време на прес-конференција во Брисел по првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на БиХ во ЕУ, тој објави дека земјата ќе поднесе барање за членство за месец – два.

– Првото заседание на Советот за стабилизација и асоцијација е важна пресвртница во зајакнувањето на политичкиот дијалог помеѓу БиХ и ЕУ, истакна тој.

Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу БиХ и ЕУ, која стапи во сила на 1 јуни оваа година, и овозможува на земјата да аплицира за членство во ЕУ. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

Post navigation

Previous Мајка во Србија го убила тукушто родениот син
Next Во Црна Гора анти НАТО протести

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.