Белград, 21. април 2016 (ИНПРЕС) – Македонците во Србија преставени преку две партии во недела на изборите ќе настапат само на локално ниво.
Најголеми очекувања има Партијата на македонците во Србија, која со самостојна листа ќе се обиде да ја освои власта во општина Пландиште. Доколку успее, тоа ќе биде прва македонска општина во Србија со власт на мнозинско македонско население.
И втората партија- ДПМ ќе настапи само на локално ниво, со шанса за избор на двајца одборници во Панчево, во коалиција со СПС. Но, за разлика од партиите, единствена можност за влез во српското собрание и застапување на македонските интереси на државно ниво има само адвокатот Тома Фил, кој политички се активира во рамките на Социјалистичката партија на Дачиќ.
Иако според пописот во Србија има 22.750 македонци- нивниот број е над 100.000. Колку од нив ќе го искористат гласачко право и за сопствените македонски интереси ќе покажат изборите во недела. (Крај)
извор: МРТВ фото: архива
