Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бутарис: Договорот од Преспа мора да се почитува

Бутарис: Договорот од Преспа мора да се почитува


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 30. јули 2019 (ИНПРЕС) – Кога имаш еден договор, очигледно е дека треба да се почитува, освен ако и двете страни се согласуваат дека постои проблем и треба да го смениме, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за радиото „Сто кокино“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, солунскиот градоначалник во заминување, во интервјуто говори за средбите со државниот врв во Скопје во петокот и ги пренесува впечатоците, потенцирајќи дека тие минале во убава атмосфера.

Бутарис вели дека лично не стравува оти е можно да не биде почитуван Договорот од Преспа.

– Не се плашам за тоа дали ќе се почитува договорот. Затоа што не може да не се почитува, потенцирам дека тоа е меѓународен договор. Прашањето е како ќе се надминат некои тешкотии што произлегоа, како што е карактеризирањето на трговските ознаки. Ова не е нешто што завршува лесно – истакна градоначалникот на Солун, чиј мандат завршува на 31 август.

Бутарис на средбите во Скопје, во однос на Договорот од Преспа, ја споменал и изјавата на министерот за одбрана на Грција дека „станува збор за меѓународен договор и треба да се почитува“. Паралелно, изразил мислење дека Грција нема да ја блокира Северна Македонија на патот кон ЕУ.

– Мислам дека она што многу ги интересира, е која ќе биде позицијата на Грција кога ќе дојде време да влезат во Европската унија, односно да почнат преговори со Европската унија. Мислам дека таму нема да има проблем – оцени Бутарис во интервјуто за радиото „Сто кокино“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Post navigation

Previous ВМРО-ДПМНЕ: Бетонската база на Нефи Усеини ќе го забетонира Охрид и неговото уништување
Next Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.