Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Водостојот на Охридското Езеро и натаму под просекот, денес е на кота од 693,14 м.н.в

Водостојот на Охридското Езеро и натаму под просекот, денес е на кота од 693,14 м.н.в

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро и натаму под просекот, денес е на кота од 693,14 м.н.в

Охрид 6. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,14 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в), 3 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.) и само 4 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Нискиот езерски водостој предизвика од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори веќе подолг период да не тече вода. Идентична состојба во овој период имаше и изминатите години.

Во Охрид денес прeтежно сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Вечерва фото изложба „Охрид од високо” на младата охриѓанка Нина Анѓелоска
Next Показна вежба за евакуација и спасување во компанијата „Магна“

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.