Охрид, 7. мај 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,59 м.н.в, што е за 6 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 49 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Во текот на минатиот месец се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко за два сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени.
– Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
