Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро под мајскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро под мајскиот просек

Водостојот на Охридското Езеро под мајскиот просек

Охрид, 7. мај 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,59 м.н.в, што е за 6 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 49 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Во текот на минатиот месец се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко за два сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степени.

– Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Велосипедска тура околу Охридското Езеро на 16 мај по повод Денот на Европа
Next Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.