Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во декември лани во Охрид издадени 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 81 стан

Во декември лани во Охрид издадени 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 81 стан

Охрид, 15. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Во месец декември 2022 година во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив во три случаи инвеститор е физичко лице, а во четири правен субјект. Предвидена е градба на 81 стан, со вкупна корисна површина од 4.841 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во декември 2022 година издадени се 307 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 се наменети за објекти од високоградба, 83 за објекти од нискоградба и 73 за објекти за реконструкција. Од вкупно 307 објекти, на 161 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 621 стан, со вкупна корисна површина од 60.719 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бројот на странски туристи лани зголемен за 82.8 %
Next Чешката Црква ја призна МПЦ-ОА како „Православна црква на Северна Македонија“

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.