Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Чешката Црква ја призна МПЦ-ОА како „Православна црква на Северна Македонија“

Чешката Црква ја призна МПЦ-ОА како „Православна црква на Северна Македонија“

1 min read

Прага, 15. февруари 2023 (ИНПРЕС) – По минатонеделното признавање на МПЦ-ОА од Романската црква, Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.

Во објавата на Синодот стои дека „биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“.

Во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешката Република, не се споменува Црквата на Северна Македонија како „Охридска архиепископија“. (Крај)

извор: Слободен печат фото: orthodoxtimes.com/архива

Post navigation

Previous Во декември лани во Охрид издадени 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 81 стан
Next Врснички едукации за превенција на болести од зависности во охридскиот Црвен крст

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.