Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Николиќ непријатно изненаден од изјавата на претседателот на САНУ за Косово

Николиќ непријатно изненаден од изјавата на претседателот на САНУ за Косово

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Српскиот претседател Томислав Николиќ соопштил дека е непријатно изненаден од изјавата на претседателот на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), Владимир Костиќ, дека „Косово е загубено за Србија“, пренесуваат српските медиуми.

Претседателот на САНУ претходно пак, напомена дека „единствената политичка мудрост за Србија на некој начин и со елементи на достоинство, е да се напушти Косово“.

– Претседателот Николиќ беше доста изненаден, да не употребиме потежок збор, изјавата на претседателот на САНУ, Владимир Костиќ, дека Косово е де факто и де јуре изгубено за Србија и дека сојузот со Русија е вештачка алтернатива, како и тоа дека Србија „повраќајќи треба да влезе во тој рај на Европската унија“. Професорот Костиќ го изјави тоа и остана жив, соопштиле од кабинетот на српскиот претседател.

Во соопштението се наведува дека професорот Костиќ јавно изнел мислење кое е спротивно на интересите на Србија и уверувањата на поголем дел српски граѓани, „во моменти кога државата води тешка борба, и покрај страотните притисоци, да ги примени двојните стандарди од страна на оние кои промовираат независност на Косово“.

– Србија не направи ниеден чекор кој придонесе за самопрогласената независност да биде реалност. Разговорите се водат за граѓаните на Србија, заедно со Покраината да можат да живеат нормално, без страв од војни, и да бидат на безбедно и слободни, нагласил Николиќ во соопштението.

-На крајот на краиштата ниту пет членки на Европската унија не го признаа „Косово“. Како би можела Србија да го признае, а пет европски пријатели не го направија тоа. Доколку погледнеме малку подалеку, што би се случило понатаму, тука пред нашите очи ќе се формира исламска држава, и таа потоа ќе тргне кон остатокот од Србија, предупредил Николиќ.

Претседателот на САНУ, Костиќ, пак, одговорил дека нема да дозволи никој да му одредува што тој смее, а што не смее да каже, повторувајќи дека тоа е негов личен став, а не став на српската Академија.

– Србија сама нека одлучи кому ќе му верува“, порачал Костиќ.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Во немирите во Подгорица повредени протестанти, полицајци и новинари
Next Словенија го блокира влезот на мигрантите во земјата

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.