Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридската градинка нема деца заболени од пертусис, зголемен интересот за вакцинација, епидемиолозите апелираат тоа да продолжи

Во охридската градинка нема деца заболени од пертусис, зголемен интересот за вакцинација, епидемиолозите апелираат тоа да продолжи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 11. март 2024 (ИНПРЕС) – Во објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид нема дечиња заболени од пертусис или голема кашлица.

Директорката Ирина Милеска во изјава за Супер радио и InPress истакна дека состојбата е стабилна, а 20-на деца периодов треба да одат на закажаниот термин за вакцинација.

– Сега засега немаме никакви проблеми, стабилна е состојбата, немаме заболени дечиња. Ние уште од почетокот на годинава презедовме соодветни мерки, им бараме на родителите и редовно се носат потврдите за примени вакцини. Моментално има околу 20-на деца што имаат закажана вакцина и треба да одат на соодветниот термин, најголемиот дел се за ревакцина или немаат примено вакцина поради здравствени причини, претежно заради настики и вирози, потенцира Милеска.

Од охридскиот Центар за јавно здравје потврдија дека во Охрид и натаму е стабилна состојбата и нема деца заболени од голема кашлица. Специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека, иако и претходно имало висок процент на вакцинирани, зголемен е одзивот за вакцинација, најмногу за ревакцинација, по најавите дека ќе има инспекции во градинките. Потенцира дека вакцината заштитува и апелира до родителите да размислуваат зрело и да ги вакцинираат своите деца.

– Ревакцинацијата е најголем проблем, на 18 месеци, бидејќи во тој период се прима и МРП вакцина и родителите се плашат од МРП и не ги носат децата да примат Ди Те Пер. Вакцинаат заштитува и е најефикасна од сите медицински интервенции. Мора да се создаде колективен имунитет, апел до родителите да размислуваат зрело, истакна д-р Стурлакова Коровешоска.

Инаку од денес стапи на сила одлуката на Министерството за здравство, делумно или невакцинираните деца со Ди Те Пер против голема кашлица, да не бидат примени во градинките низ државата, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонредни контроли, со цел да се спречи ширењето на ова заразно заболување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во таеквондо
Next Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

Слични вести

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид
1 min read

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.