Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Рим, 12. март 2024 (ИНПРЕС) – Паричките што туристите ги фрлаат во познатата Фонтана ди Треви во Рим, заради желби за добро здравје, љубов или враќање во вечниот град, двапати неделно се вадат од барокната фонтана. Потоа тие ѝ припаѓаат на „Каритас“ (Caritas) – добротворна организација на Католичка црква, а тоа се користи за финансирање на народната кујна и други општествено корисни работи, пренесува Танјуг.

„Вечниот Град“ во Италија е еден од најпосетуваните места во светот – со околу 21 милион туристи годишно. Фонтаната ди треви, обмислена и осмислена од италијанскиот архитект Никола Салви во 18. век, прикажува статуа на богот Тритон и илустрација на темата за скротување на водата. Околу оваа фонтана е снимена една од најпознатите филмски сцени – од делото на режисерот Федерико Фелини, „Сладок живот“ (La Dolce Vita), каде што Анита Екберг и го кани Марчело Мастројани да ѝ се придружи…

Добротворната „Каритас“ од фонтаната во 2022 година собра 1,4 милиони евра. Податоците за лани сѐ уште не се објавени, но се очекува бројката да е поголема.

Легендата вели дека ако се фрли паричка во фонтаната со десната рака преку левото рамо, тој/таа повторно ќе се врати во Рим. Но, и накит, протези, разни верски предмети, па дури и папочна врвца се нашле во фонтаната, поради што, меѓу другото, таа се суши за чистење двапати месечно.

А вадењето парички е занимлив настан, во којшто четворица комунални работници со посебен метод, со балансирање, долги лостови и цевки за вшмукување спроведуваат испумпување на водата. Монетите потоа се собираат и се предаваат на чистење, сушење, сортирање и броење. Фонтаната тој ден е затворена за посетителите.

Кога влезот кај фонтаната е забранет, а турист го прекрши ова правило, плаќа казна. Таблите околу фонтаната појаснуваат дека монетите се за добротворни цели и оти земањето од фонтаната е, исто така, казниво.  (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива

Post navigation

Previous Во охридската градинка нема деца заболени од пертусис, зголемен интересот за вакцинација, епидемиолозите апелираат тоа да продолжи
Next Во четврток ќе заседаваат градските советници

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.