Охрид, 18. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе надминува 35 степени. Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има денес претежно во западните делови во попладневните часови и утре од средината на денот. Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес

