Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свечено отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Свечено отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Свечено отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Охрид, 18. август 2023 (ИНПРЕС) – Денес напладне во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид свечено ќе биде отворена 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

На Школата, којашто ќе трае до 31 август, ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република.

– Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот, велат од МСМЈЛК.

Меѓу семинаристите, и оваа година ќе има и универзитетски професори, истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи.

Конципирана е програма којашто се очекува на странските македонисти и слависти да им овозможи нови сознанија за македонскиот јазик, литература и култура и да ги поттикне на натамошни истражувања посветени на македонистиката.

На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат и во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат годинава како што се 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Во рамки на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а за семинаристите кои се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамки на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. издание на традиционалната меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“.

Школата се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура, а дел од програмските активности ќе се реализираат и со поддршка од Општина Охрид.

По 56. Летна школа се најавува и 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе се одржи од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре започнува јубилејното 35. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“
Next Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 32. степени

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.