Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота Голем Богојавленски водосвет во црквата„Свети Никола Геракомија”, во недела богослужби во сите парохиски цркви

Во сабота Голем Богојавленски водосвет во црквата„Свети Никола Геракомија”, во недела богослужби во сите парохиски цркви

1 min read
Во сабота Голем Богојавленски водосвет во црквата„Свети Никола Геракомија”, во недела богослужби во сите парохиски цркви

Охрид, 16. јануари 2025 (ИНПРЕС) – По повод празнувањето на големиот празник Богојавление – Водици, во сабота 18-ти јануари во храмот „Свети Никола Геракомија” ќе биде отслужена Утрена богослужба и Голем Богојавленски водосвет со почеток во 07:30 часот.

На денот на празникот, во недела, богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот, „Св.Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, „Св.вмч.Георги Горна Влашка Мала“, „Св. Никола Долна Влашка Мала“.

Со Светата Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Во 07:00 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба, во 08:15 часот Литургија, а во 09:45 Литијата ќе тргне кон градското пристаниште.
Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот, а годинава за првпат чинот ќе го изведе Архиепископот г.г Стефан.

Истиот ден, од 12:00 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во осветените езерски води.

Инаку, во сите парохиски цркви во Охрид тече пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната културно-верска манифестација кај нас Богојавление Водици. Досега се пријавени над 800 капачи, а покрај од Охрид ги има и од другите македонски градови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Министерство за економија: Акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените
Next Д-р. Стурлакова Коровешоска: Од почетокот на годинава во Охрид се регистрирани 46 заболени од грип

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.