Охрид, 13. мај 2026 (ИНПРЕС) – Во сабота, 16 мај, ќе се се одржи Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро „За почисто езеро“, во организација на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
Годинава ќе се одржи автокамп Градиште, а ќе опфати неколку плажи: Нивици, Оревче, Jungle, Градиште 1 и 2 и Заливот на коските.
Во акцијата учество ќе земат нуркачки клубови од Република Македонија и од регионот, обединети со една цел – зачувување на природната убавина на Охридското Езеро.
Почетокот на акцијата е предвиден по 10:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
