Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Во текот на наредните четири години ќе се реконструира студентскиот дом во Охрид

Во текот на наредните четири години ќе се реконструира студентскиот дом во Охрид

1 min read
Во текот на наредните четири години ќе се реконструира студентскиот дом во Охрид

Студентски дом „Никола Карев“ Охрид Депанданс на хотел „Палас“

Скопје/Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со предвидената динамика се одвиваат градежните работи за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје кои почнаа во април, а неодамна почна реконструкцијата и на студентскиот дом  „Стив Наумов“.

„Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“ се првите два студентски дома кои ќе се реновираат, а градежните работи на двата објекта ќе чинат 17 милони евра. За 18 месеци од почетокот на реконструкциите двата дома ќе станат современи, со подобрена одржливост и енергетски ефикасни, што ќе придонесе за почиста животна средина и за финансиски заштеди.

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка од 20 милиони евра и грант од речиси 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Овие два дома се дел од првата фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Во следните две фази, во наредните четири години, се планира реконструкција на уште седум други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Сите ќе имаат енергетски ефикасни фасади, нова водоводна и електрична инсталација, еко-системи за греење, енергетски ефикасни лед-светилки, комплетна промена на санитаријата и квалитетни безбедносни стандарди. Домовите ќе имаат фотоволтаични панели на покривите, што ќе придонесе за голема заштеда на енергија и за намалување на емисија на јаглероден диоксид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Полни 11 години, се’ во Охрид е Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално со Cleanex Professional
Next Билтен на МВР: Полицијата пронајде хероин кај лице од Охрид на улицата „Пере Тошев“

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.