Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вучиќ и Курти потврдија дека доаѓаат во Охрид, градоначалникот Пецаков сé уште не е известен

Вучиќ и Курти потврдија дека доаѓаат во Охрид, градоначалникот Пецаков сé уште не е известен

1 min read

Скопје/Охрид, 10. март 2023 (ИНПРЕС) – Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдија своето учество на состанок на високо ниво во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи на 18-ти март во Охрид, објави Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Високиот претставник и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе одржи одделни средби со лидерите, по што ќе следи заедничка трилатерална средба. На средбата ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот со ЕУ за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Средбата во Охрид и европскиот план се тема на дводневната средба на Лајчак со власта и опозицијата во Приштина. Денеска Лајчак се среќава со опозицијата по вчерашната средба со премиерот Албин Курти. Специјалниот претставник изјави дека Белград и Приштина мора да договорат план за спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите, за тој да стане правно обврзувачки.

Инаку, првиот човек на градот домаќин Кирил Пецаков рече дека сé уште не е известен за одржување на состанокот.

Нема достапен опис

– Сé уште како домаќин не сум известен, но веќе навикнат сум на тоа. Овде се случуваше Open Balkan, сериозен настан на кој јас како домаќин ниту бев известен, ниту бев поканет да присуствувам.Доклку имам некои официјални средби, ќе бидете информирани, рече Пецаков.

Специјалниот претставник на ЕУ Лајчак вели дека не очекува во Охрид да биде потпишан договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тој се надева дека на таа средбата ќе се постигне договор за анексот за имплементација на договорот постигнат во Брисел. (Крај)

извор: Плус инфо/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пецаков: По десет ништовни одобренија за градба на хотелот во Лагадин сега се одлучи мериторно со што одобрението за градење добива правосилност
Next Економско-социјалниот совет денес треба да донесе одлука за висината на минималната плата

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.