Белград, 8. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Присуството на рускиот претседател Владимир Путин на прославата на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од нацистичките трупи значи дека Србија сака да има „добра соработка со Руската Федерација“.
Ова го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ како одговор на новинарско прашање – „каков сигнал испраќа Србија до европските пријатели со поканата испратена до рускиот лидер“.
Владимир Путин ќе престојува во Белград на 16-ти октомври. Предвидено е да се потпишат неколку билатерални договори. Рускиот претседател ќе биде награден со највисоката награда на Србија. (Крај)
извор: ИТАР-ТАСС фото: архива
