Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Градежниот факултет од Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Градежниот факултет од Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Градежниот факултет од Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Струга, 17. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем во Струга, по барање на градоначалникот Менди Ќура.

Стручен тим од тројца професори ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица.

Според најавите, по извршениот увид, ќе биде изготвен официјален извештај со стручно мислење и конкретни препораки за надминување на состојбата.

Веќе десет дена водата од чешмите е загадена и забранета за употреба. За ваквата состојба општината побара помош и од стручен експерт од приватна компанија. Деновиве струшкото Обвинителство оформи предмет и ги истражува причините за загадувањето и дали тоа потекнува од кривични дела против животната средина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Една во милион“ – емотивна балада на Дарко Гелев – Брејк
Next Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.