Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Грција планира да ги повлече бегалците од Идомени до крајот на месецот

Грција планира да ги повлече бегалците од Идомени до крајот на месецот

Атина, 5. мај 2016 (ИНПРЕС) – Грчката Влада разработи план за евакуација на бегалците од кампот Идомени до крајот на мај, предупредувајќи дека доколу тие не бидат преместени оттаму во други организирани прифатни центри, нема да им бидат обновени дозволите за престој во земјата.

Министерот за миграција Јанис Музалес изминатите денови се сретнал со претставници на хуманитарни организации и полицијата, за да им ги презентира плановите на Владата, кои имаат цел да стават крај на проблемот со бегалците на граничниот премин Идомени.

Тој побарал од нив соработка со цел околината на Идомени да биде расчистена од бегалците до 30 мај.

Според последните информации во Грција има 53.900 бегалци, од кои 10.124 се наоѓаат во Идомени. Останатите се наоѓаат во други региони на земјата и на островите. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

Post navigation

Previous Могерини во посета на Косово
Next Нов генерален штрајк во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.