Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Могерини во посета на Косово

Могерини во посета на Косово

Приштина, 5. мај 2016 (ИНПРЕС) – Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ќе го посети Косово.

– На приштинскиот аеродром, предвидено е да пристигне во 13 часот. По средбите, заедно со премиерот Иса Мустафа и министерот за интеграции Беким Чолаку, ќе одржат заедничка прес конференција посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на Косово донесена вчера од страна на ЕК, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Според агендата предвидена е куса средба на Могерини со спикерот на косовскиот парламент, Кадри Весели, а во 16 часот ќе се обрати пред косовските пратеници.

Токму престојот на Могерини ја врати опозицијата во парламентот. На свечената седница на парламенот присуството најпрво го потврдија пратениците од движењето „Самоопределување“, а подоцна и Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово.

Свечената седница на Парлементот на Косово е посветена на препораката за визна либерализација за граѓаните на таа земја. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

Post navigation

Previous Тимот на “Dani Arhitekture” Македонија учесници на Денови на архитектурата во Сараево
Next Грција планира да ги повлече бегалците од Идомени до крајот на месецот

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.