Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 10.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ потврди дека во име на Србија побарал одговор во врска со намерите на Велика Британија во Советот за безбедност на ОН да биде усвоена резолуција за Сребреница.
Дачиќ по средбата со палестинскиот колега Ријад ал Малики во Белград, потврди дека од британскиот амбасадор побарал Лондон да ја информира Србија за своите намери, особено за текстот на резолуцијата или некои други одлуки.
Дачиќ на прашањето дали најавата за Резолуција за Сребреница претставува некој вид на притисок врз Србија, одговори дека е потребно најпрво да се види што пишува во Резолуцијата. (Крај)
извор:24Вести фото:архива
