Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Дачиќ – Ќе има реконструкција на Владата, Вучиќ тоа го сака

Дачиќ – Ќе има реконструкција на Владата, Вучиќ тоа го сака

Белград, 26. декември 2014 (ИНПРЕС) – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека до крајот на јануари идната година, ќе се случи реконструкција на српската Влада.

– Ќе има реконструкција, зато што тоа го сака премиерот Александар Вучиќ, изјави Дачиќ за Тв Пинк.

Тој нагласи дека нема да бидат сменети министрите за кои се шпекулира во српската јавност, односно актуелниот министер за финансии Душан Вујовиć, министерот за земјоделство Жељко Сертиќ и министерот за образование Срѓан Вербиќ.

– Мислам дека ниту Вучиќ во моментов не знае кој се` ќе биде заменет, додаде Дачиќ

Околу новата српска Влада, неодамна се огласи и српскиот претседател Томислав Николиќ. Тој напомена дека не ги поддржува сите потези на актуелната српска Влада, но ако таа падне, ќе замине и тој од функцијата.

– Јас би можел политички да се „извлечам“ ако падне оваа Влада, но тука сме заедно и ако треба, заедно и ќе заминеме, изјави Николиќ.

Тој додаде дека „тоа што јавно ја поддржува оваа Влада, значи дека стои зад целиот проект“.

– Ако заминуваме, заминуваме сите, додаде Николиќ.

Според него, мерките кои ги применува Владата се рискантни за неа, но дека премиерот Вучиќ е во години кога може да ризикува еден мандат да помине во опозиција, за потоа народот повторно да го врати на власт. Додаде дека верува дека до следните избори Владата на Србија комплетно ќе ја стабилизира ситуацијата во земјата. (Крај)

извор: Б92 фото: архива

Post navigation

Previous Николиќ: Ако падне оваа Влада, заминувам и јас
Next Рама: Албанците се победници на Балканот

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.