Охрид, 31. август 2023 (ИНПРЕС) – Денеска и утре ќе се реализира уписот на бруцоши на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.
Прелиминарната ранг листа со 79 пријавени кандидати е објавена, а пријавени се и пет кандидати за дошколување. Уписот се реализира во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Според прелиминарната листа најмногу средношколци се пријавиле на насоката царина и шпедиција (20 во државна квота, 1 вонреден и 1 со специјални услови, 20 има на насоката менаџмент во услужен сектор, следи гастрономија со 12, осигурување и менаџмент со ризик 10, туризам со 9 и хотелско – ресторантски менаџмент со 6 пријавени кандидати.
Согласно конкурсот слободни места има на сите насоки, што ќе се пополнуваат во вториот уписен рок е на 6-ти и 7-ми септември или на третиот, на 22-ри септември.
УКЛО, во чии рамки е и охридскиот ФТУ и во новата академска година го стимулира уписот на најдобрите. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на три најдобро рангирани кандидати, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
