Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • До петок отворен конкурсот за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

До петок отворен конкурсот за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

1 min read
До петок отворен конкурсот за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Охрид, 28. мај 2024 (ИНПРЕС) – Заклучно со петок, 31-ви мај може да се испраќаат идејните решенија по конкурсот распишан од Општина Охрид за избор лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.

Заштитниот знак (логото) како визуелен идентитет треба да го одразува културното и природното наследство на Општина Охрид.

Право на учество на Конкурсот имаат младите лица на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Охрид, а секој учесник може да поднесе најмногу три идејни решенија.

Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.

Наградниот фонд за најдобрите три идејни решенија изнесува 30.000 денари.

Сите заедно под сино – белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7. Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.

По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7-ми ноември, на самиот роденден на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охридските стрелци повторно на пиедестал на Меѓународен турнир во Скопје
Next СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ се збратими со стручно училиште од Ниш

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.