Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридските стрелци повторно на пиедестал на Меѓународен турнир во Скопје

Охридските стрелци повторно на пиедестал на Меѓународен турнир во Скопје

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 28. мај 2024 (ИНПРЕС) – Охридските стрелци со забележителни резултати на 18-от традиционален меѓународен натпревар во гаѓање со огнено оружје – голем калибар, како и малокалибарна пушка со оптички нишан.

Учество зедоа повеќе над 100 стрелци од државата и надвор од неа, а организатор на натпреварот беше Mакедонската спортска стрелачка федерација.

Стрелците на ЖСК „Лихнидос” се натпреваруваа во три дисциплини и тоа пиштол и револвер на 25 метри како и малокалибарна пушка со оптички нишан на 100 метри.

Во поединечен пласман во дисциплината гаѓање со пиштол на 25 метри-мажи Велибор Балоски се пласира на третата позиција со резултат од 91 круг. Кај жените овајпат и појде од рака на младата Милица Кочовска (јуниорка) која исто така се пласира на третата позиција со резултат од 84 кругови.

– Успехот е дотолку поголем бидејќи овие позиции досега во принцип беа „резервирани” за припадниците на посебните единици САЕ-ТИГАР, ЕБР, АРМ, што покажува дека нашите стрелци можат рамо до рамо да се борат за место на пиедесталот и со врвните единици во нашата земја, велат од клубот.

И во екипен пласман во дисциплината револвер на 25 метри второ место за екипата на ЖСК „Лихнидос” во мешан состав: Велибор Балоски, Валентина Гоџоска и Лазар Кочовски со резултат од 240 кругови. На третата позиција во екипен пласман-жени во дисциплината пиштол 25 метри повторно се пласира екипата на ЖСК „Лихнидос” во состав Валентина Гоџоска, Душанка Минева и Милица Кочовска со резултат од 197 кругови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Минатата година во Охрид дипломирале 166 студенти
Next До петок отворен конкурсот за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.