Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • До 10-ти јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година

До 10-ти јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година

1 min read

Скопје/Охрид, 7. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во понеделник, на 10-ти јули 2023 година, завршува рокот за пријавување на учениците запишани во прва, втора, трета и четврта година за прием во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот на МОН треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Според Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2023/2024 година, што го објави Министерството за образование и наука, за сместување и исхрана на ученици од средното образование има вкупно 2537 слободни места во 14 ученички домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга и Штип.

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот, најдоцна до 19-ти јули 2023 година.

Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Во Конкурсот е наведено дека првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на државата.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15-ти август 2023, сè додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” во Скопје не треба да пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, од 3-ти до 10-ти јули 2023 година.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Следната недела ќе се одржи Галичката свадба, охриѓанката Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се годинашни невеста и зет
Next Полицијата пронајде пиштол и рамка без дозвола кај 21-годишен жител на струшко Тефериќ

Слични вести

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција
1 min read

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје? Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?
1 min read

Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ на крајот на мај во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.