Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерскиот водостој на 17 сантиметри над просекот за март

Езерскиот водостој на 17 сантиметри над просекот за март

1 min read
Езерскиот водостој на 17 сантиметри над просекот за март

Охрид, 23. март 2026 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро продолжува да се намалува, но и понатаму е над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења, нивото е на кота од 693,66 м.н.в што е за 17 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и 56 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 7 степени.

На почетокот на месецов, за разлика од лани, водостојот на Охридското Езеро беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележи намалување.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за слаб локален дожд попладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.

– Во следните два дена ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес  фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Распишан конкурсот за 33. издание на „Охрид фест – Охридски трубадури“
Next Забрана за пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.