Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина

Еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво, да направиме сите по малку за здрава и чиста животна средина


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 5. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Еколошката свест на локално и на централно ниво мора да се крене на едно повисоко ниво. Потребно е сите заедно да придонесеме за чиста животна средина.

Ваквите констатации се во ред, но дали и колку се прави за нивно реализирање во пракса.

Ако се земат предвид расфрланото ѓубре и мини депониите „никнати“ на несоодветни места, грижата за Охридското Езеро што при поголеми бранови на брегот ја исфрла еко културата, доаѓаме до заклучок дека еколошката свест сѐ уште ни е на ниско ниво.

И понатаму продолжува неодговорното однесување на поединци, кои фрлаат ѓубре и отпадоци каде ќе стигнат.

Дивите депонии создадени од несовесни граѓани и понатаму се проблем што тешко се надминува. При последната акција на ЈП „Охридски комуналец“ деновиве беа расчистени мини депонии мапирани во населбите Даљан и Воска и на улиците „Гоце Делчев“ и „Ариф Мустафа“, при што биле подигнати 24 м³ отпад. И ова е само последната од низата вакви акции спроведени периодов наназад. Извадените пак метални конструкции и автомобилски гуми, делови од покуќнина од дното на Охридското Езеро се приказна за себе и слика што воопшто не ја заслужува нашиот бисер.

Во Уставот на Република Македонија е пропишано дека секој човек има право на здрава животна средина, но и секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата.

Па, ајде да направиме сите по малку во напорите да имаме здрава и чиста животна средина. Тоа не е воопшто тешко бидејќи можеме, а за жал, секоја чест на исклучоците, го покажуваме кога сме во некоја странска земја, каде ваквото неодговорно однесување се казнува. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous 120 m³ отпад собрани од езерото во рамки на акцијата „Охрид Еко 2024“
Next Ново детско игралиште доби и Велгошти

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.