Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

1 min read
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

Њујорк, 21. февруари 2025 (ИНПРЕС) – За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците – без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи е прогласена за најчиста земја во светот.

Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на фактори како што се испуштање стакленички гасови, јаглерод-диоксид, достигнувања во однос на негативните емисии на метан, спроведувањето политики за животна средина, проширувањето на шумите, обновливи извори на енергија и шуми, Естонија е на првото место на листата. Нејзината ЕПИ-оценка е 75,3.

Следни европски држави на оваа листа се: Луксембург (со ЕПИ 75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). Всушност, тие се на врвот на светската топ-листа најчисти земји од 2020 година досега.

Уште повеќе, главниот град на Естонија – Талин во 1997 година е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, поради исклучително добро зачуваното старо градско јадро од 13. век, со изворно стари градби.

Во тн. Горен Град, се наоѓа и естонската Влада, сместена во средновековната розова куќа „Стенбок“. Во близина е и 800-годишниот дворец Томпеа и Долниот Град. Кулата „Пик Херман“, којашто е највисок дел од дворецот, со своите 45 метри, велат, е место за искачување (по скали) што мора да се доживее. Меѓу најпосетените знаменитости во Талин се и катедралата „Александар Невски“, Уметничкиот музеј „Кадриорг“ и Паркот „Кадриорг“. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Mилион евра грант од Кралството Шпанија за Охридското Езеро
Next Николоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе чини 2,7 милиони евра, ќе заврши до март 2026 година

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.